Крива Паланка – Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка се одржува меѓународната „Летна школа за архитектура 2010 година“.
Темата на Летната школа“ е „Архитектурата е за сите луѓе“, а во неа учествуваат ментори и студенти од Македонија, Турција и Италија.
Делата создадени во „Св. Јоаким Осоговски“ ќе бидат изложени во галеријата при кривопаланечката Национална установа – Центар за култура на 11 јули годинава, до кога трае и Летната школа, кога ќе се доделат и сертификати на учесниците.
Покровители и организатори на школата се Министерството за образование и наука и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. (МИА)